ГЛУТНИЦА КУЧИЊА ВЛЕВА СТРАВ ВО РАДИШАНИ Гризнати три жени и девојче
Жители на Радишани сведочат дека кучињата се агресивни, дека најчесто се движат во група по неколку и претставуваат страв и трепет за минувачите во секое доба од денот.
Најмалку три жени и едно девејче биле гризнати од кучиња скитници во скопската населба Радишани, се пожалија жители од населбата во редакцијата на Плусинфо.
Тие сведочат дека кучињата се агресивни, дека најчесто се движат во група по неколку и претставуваат страв и трепет за жителите во секое доба од денот.
– Се јавивме во Лајка, во МВР, но нема никаква реакција. Не знаеме веќе кому да се обратиме. Еве ги сега седат пред мојата куќа и страв ми е да излезам надвор, а камоли децата да ги пуштам – се пожали Александар од Радишани.