АГАТАНГЕЛ ЈА БЛАГОСЛОВИ „НАЈСВЕТАТА ПАРТИЈА“ И ЛИДЕРОТ МИЦКОСКИ Милевски реагираше нарекувајќи го владиката штетник за црквата (ВИДЕО)
И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош, вели владиката.
Владиката Агатангел уште во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, во Кавадрци прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род.
Тој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарече „нашиот претседател“ за кого „верува оти со помош од Бога и Богородица ќе го врати назад она што е свето македонско и национално“. Првин со него (Мицкоски), рече владиката, а потоа и со божја помош. Нема да дозволиме, порача Агатангел, некој што не ја чувствува Македонија да ја одредува судбината на нашата земја.
– И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката божја Богородица, која е заштитничка на оваа света македонска земја, ќе му помогне него и на сите негови соработници на се она што е наше свето македонско, национално, ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земјa – рече владиката.
На неговиот говор реагираше министерот за локална самоуправа, Горан Милески, кој присуствуваше на настанот како претставник на Владата.
Милевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ од ова направила партиска прослава, а за Агатангел кажа дека ја „извалкал мантијата“ и е срам за црквата и народот.
– Им го честитам Св. Трифун на сите православни христијани и на сите лозари им посакувам успешна и плодна година. Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани – рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.
Според него, како што „црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел наштетува“.
– Го величеше лидерот на опозицијата Мицкоски. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се гордее со неговата поддршка, тогаш нека му е на чест – рече Милевски за контроверзниот говор на владиката.