ЗОШТО ПУТИН НЕ НОСИ МАСКА? Песков открива дека претседателот и тоа како е заштитен
Има, и тоа не е тајна, соодветни мерки на претпазливост околу претседателот, поради коронавирусот. Луѓето кои доаѓаат во контакт со него се тестирани повеќе пати, а некои од нив поминале и неколку дена во карантин, објасни Песков.
Тоа што рускиот претседател Владимир Путин не носи маска на јавните собири не значи дека не се обезбедени мерки за негова заштита, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Има, и тоа не е тајна, соодветни мерки на претпазливост околу претседателот, поради коронавирусот. Луѓето кои доаѓаат во контакт со него се тестирани повеќе пати, а некои од нив поминале и неколку дена во карантин – објасни Песков.
Тој додаде дека затоа Путин во одредени ситуации, особено кога станува збор за јавни говори, не носи маска на лицето.
– Сепак, тоа не значи дека не се во сила опсежни безбедносни мерки – заклучи Песков.