ОВАА ФОТОГРАФИЈА НА РИЈАНА ИМА НАД 13 МИЛИОНИ „ЛАЈКОВИ“ Бројката само расте… (ФОТО)
Нејзината нова фотографија со трудничкиот стомак која ја сподели, за кратко време ги воодушеви обожавателите.
Славната пејачка Ријана и нејзиното момче, раперот Асап Роки го чекаат своето прво дете, а тоа неодамна го потврдија со објавување на заеднички фотографии на кои Рири е бремена.
Пејачката на 31 јануари се фотографирала на снежните улици на Њујорк со откриен стомак и со тие фотографии потврдила дека го чека своето прво дете.
Сепак, нејзината нова фотографија со трудничкиот стомак која ја сподели, за кратко време ги воодушеви обожавателите:
„Како бандата дотурка до месецот на афроамериканската историја“, напишала музичката дива, алудирајќи на почетокот на февруари, кој во Америка е означен како месец на историјата на Афроамериканците.
Фотографијата за неколку часа собра повеќе од 13 милиони „лајкови“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм