ЕДИНСТВЕНИОТ „МОРКОВ“ ШТО ГО ИМА БУГАРИЈА Е ЕУ Потребна е реформа на РСМ и вклучување на гаранциите во Преговарачката рамка

Упатената белешка не е лош чекор, не ја потценувам. Многупати е изјавувано дека тоа ќе се случи, а тоа го кажа и екс-премиерот Зоран Заев многупати, а исто така и министерот за надворешни работи. Добро е што се случи, но повторно потенцирам, додека не е договорено сѐ, ништо не е договорено, предупреди Захариева.

742

Имплементацијата на Договорот за пријателство и добрососедство, кој ги обезбедува основните човекови права, мора да стане дел од Преговарачката рамка, вели поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС.

– Добро е да се видат резултатите, а потоа да се биде оптимист. Вклучувањето на гаранциите што Бугарија ги сака во преговарачката рамка е многу важен резултат. Фокусот на Скопје не беше да ги започне преговорите за ЕУ, туку да не ги вклучи барањата на Бугарија во Преговарачката рамка – вели Захариева.






Поранешната министерка вели дека ѝ упатила прашање на новата министерка за надворешни, Теодора Генчовска за преговарачката рамка, бидејќи повеќе од месец и половина за тоа ништо не е спомнато ниту од страна на  МНР, ниту од бугарската влада.

– Со РСМ имаме нерешени билатерални прашања и според гледиштето на Скопје, овие прашања се билатерални и немаат место во Преговарачката рамка. Правото на самоопределување е европска вредност, тоа е човеково право. Имплементацијата на Договорот, кој ги содржи основните човекови права, исто така мора да стане дел од рамката за преговори. Мојот апел до министерката Генчовска е: не заборавајте на преговарачката рамка! – порачува поранешната шефица на бугарската дипломатија.

Захриева е категорична дека на Македонија и требаат реформи доколку сака да влезе во Европската унија.

– Интересот на Бугарија е да ја реформира РС Македонија. Очигледно, единствениот морков за овие реформи е ЕУ. Да, ова е морковот што го има Бугарија во моментов. Ова е вистината – изјави Екатерина Захариева за БГНЕС.

Отворањето на авионската линија и белешката испратена за краткото и долгото име на РСМ, со која се откажуваат од територијални претензии, тешко може да се смета за сериозен напредок.

– Упатената белешка не е лош чекор, не ја потценувам. Многупати е изјавувано дека тоа ќе се случи, а тоа го кажа и екс-премиерот Зоран Заев многупати, а исто така и министерот за надворешни работи. Добро е што се случи, но повторно потенцирам, додека не е договорено сѐ, ништо не е договорено – предупреди Захариева.

Според неа, интензивните средби се добра работа.

– Не знам што ќе прават овие работни групи за да се собираат секоја недела, бидејќи не знам кога ќе имаат време да разработат што договориле. Добро е да се видат резултатите и потоа да се биде оптимист – изјави поранешен министер за надворешни работи.

Поврзани содржини