ДРАМАТА ПО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАТЕЈ ПЕРИШ ПРОДОЛЖУВА Крие ли нешто телефонот на Маја?
Денеска навршуваат 30 дена од пријавувањето на исчезнувањето на Матеј Периш во Белград. Неговиот татко сѐ уште верува дека е жив.
Дали е најавен пресврт во драмата околу сплиќанецот Матеј Периш (27), кој исчезнал ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога ги оставил своите пријатели во белградскиот клуб „Готик“ во Белград?
Откако началникот на хрватската полиција Никола Милина најави дека полициската екипа најверојатно повторно ќе замине во Србија во врска со истрагата за исчезнатиот Периш, се појави и нов детал во овој случај, за кој брујат социјалните мрежи.
Девојката Маја Сопта и мистериозните мапи во нејзиниот телефон, која се совпаѓа со рутата по која трчал Матеј, се доведува во врска со неговото исчезнување. Една од шпекулациите е дека кобната вечер тој отишол да ја бара својата познаничка, но таа неодамна даде изјава за медиумите, во која негираше дека вечерта имала контакт со него и потврди дека ѝ се јавил, но дека таа не му одговорила.
Сепак, при прикажувањето на преписката со Матеј, многумина ги забележале мапите кои се појавуваат во позадина, на кои е прикажан просторот околу клубот „Готик“, од каде што истрчал Сплиќанецот, за никогаш веќе да не се појави.
Во групите посветени на Метеј, многумина укажуваат на нелогичностите кои јавно ги кажала Маја. Таа тврдела дека не одговорила на повикот на Матеј бидејќи возела „а не се снаоѓа најдобро на мраз и снег“. Но, таа вечер во Белград немало снег, бидејќи било околу 10 степени.
Таткото Ненад Периш се жали дека истрагата не мрднала многу во претходните денови. Тој се уште верува дека Матеј е жив.
– Поминаа 30 дена, а никој точно не знае каде е мојот син. Она што засега го знам е дека мобилниот бил во реката и дека дошол до големиот воен остров. Немаме слика како Матеј влегува или излегува од водата. Она што го видов додека ги гледав камерите, забележав дека мојот Матеј три пати се обидел да запре такси. Тој не комуницирал со двајцата, туку само со третиот таксист, кој одбил да го вози. Тоа ми кажува дека дефинитивно сакал да оди некаде – вели тој, сакајќи да укаже на нелогичноста на тезата дека Матеј сакал да оди некаде за да заврши во реката Сава, кога реката веќе му била пред носот.
Истрагата сега веројатно ќе се фокусира на големиот воен остров, кој е депресија во однос на Сава. Намерата е да се пронајде телото на Матеј.
– Во контакт сум со негов пријател. Зборував со еден од нив вчера. И тие не знаат што станало со Матеј. Тие се тажни како мене, но не знаат што се случило таа вечер во „Готик“. Ништо не ми значи видеото на Матеј покрај реката. Од тоа не би заклучил дека син ми скокнал во реката. Сепак, неговиот мобилен телефон покажува дека тоа би можело да биде – изјави Ненад.
Денеска навршуваат 30 дена од пријавувањето на исчезнувањето на Матеј Периш во Белград. Медиумите, социјалните мрежи и јавноста во целиот регион со големо внимание го следат и го коментираат текот на истрагата.