КОЛКУ НЕСОВЕСНА РЕАКЦИЈА Наместо да го исчисти снегот, направил вистински хаос! (ВИДЕО)

Поминувајќи по автопатот во округот Ири, возилото фрлило парчиња мраз и снег од коловозот во еден правец, врз автомобили во спротивен правец, при што биле оштетени најмалку 40 автомобили и предизвикало сообраќајни несреќи во кои се повредени 12 лица.

1,518

Наместо да го исчисти снегот на патот и да го олесни сообраќајот, едно специјализирано возило за оваа намена на автопатот во американската сојузна држава Охајо создаде вистински хаос.

Поминувајќи по автопатот во округот Ири, возилото фрлило парчиња мраз и снег од коловозот во еден правец, врз автомобили во спротивен правец, при што биле оштетени најмалку 40 автомобили и предизвикало сообраќајни несреќи во кои се повредени 12 лица.






Инцидентот се случил на 23 јануари, а еден возач на камион ја снимил несреќата, која била предизвикана од лудата идеја лицето ангажирано да го чисти коловозот.

На видеото се гледа дека машината за чистење се движела со иста брзина како и другите возила, околу 110 километри на час, притоа фрлајќи мраз и снег врз шокираните возачи. Еден од нив изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

– Никогаш не сум видел нешто слично. Не знаев како да реагирам, само бев зачуден што некој може да биде толку несовесен – изјавил камионџијата кој го снимал камионот за чистење снег.

Подоцна беше откриено дека возилото за чистење го управувал 54-годишниот Тимоти Реки, кој веднаш бил суспендиран и е под истрага.

Поврзани содржини