НАТО СО НОВИ БАРАЊА ДО МОСКВА Столтенберг открива што предложиле за да ја смират топката

Сè уште е можно политичко решение, но Русија мора да се ангажира и навистина да се обиде да ги смири тензиите. Ние ги дадовме нашите предлози и подготвени сме да ја слушнеме руската страна. Што се однесува до членството во НАТО, тука се земји како Украина и Грузија. Јасно ставивме до знаење дека не правиме компромиси. Тоа е основниот принцип на европската безбедност. Ние не сме наивни, што и да се договориме со Русија во различни формати, тоа мора да биде избалансирано и целосно реципрочно, изјави Столтенберг.

712

Бргу откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле одговори на Москва за нејзините безбедносни барања, НАТО испратило нови свои предлози за деескалација, смирување на состојбата и разоружување. Јенс Столтенберг, генералниот секретар на Алијансата за медиумите појасни кои се тие, пишува Б92.

Меѓу другото, НАТО бара Русија да излезе од Украина, Грузија и од Молдавија каде има војници без согласност на овие земји, заедно да се држат состаноци за какви било вооружување и да се обноват некогашните канцеларии на НАТО во Москва, односно на Русија во Брисел за да се врати дипломатската доверба.






Русија да се повлече од Украина, Грузија и од Молдавија

Во контекст на односите НАТО-Русија, Столтенберг рече дека Русија ги прекинала дипломатските односи со НАТО и го отежнала дијалогот.

– Треба повторно да воспоставиме канцеларии во Москва и во Брисел. Исто така, треба да ги подобриме каналите за комуникација меѓу силите на НАТО и руската војска со цел да промовираме транспарентност во нашата работа, но и да ги намалиме ризиците. Русија исто така треба да ги повлече своите сили од Украина, Грузија и од Молдавија, каде во моментов се распоредени без согласност на овие земји – рече Столтенберг.

Заедно да одлучуваме за нуклеарната политика

Кога станува збор за контролата на вооружувањето, генералниот секретар на НАТО посочува дека историјата покажала дека практичните мерки во оваа област можат да направат значителна разлика и да ги подобрат односите меѓу земјите.

– Предлагаме заеднички состаноци за вежби и нуклеарна политика да се дискутираат на Советот НАТО-Русија. Исто така, неопходно е да се модернизира Виенскиот документ за воена транспарентност и да се работи на намалување на сајбер-заканите – рече Столтенберг.

Не бараме пречка, ама мора да се разоружаме

Тој, исто така, истакна дека Русија и НАТО мора да одржат сериозна дискусија за контрола на вооружувањето.

– Сојузниците се подготвени да одржат состанок што е можно поскоро. НАТО е одбранбен сојуз и ние не бараме конфронтација. Сепак, не можеме и нема да правиме компромиси за принципите на кои е заснована нашата безбедност, безбедноста на Европа и САД – рече тој.

Не сме наивни, не правиме компромиси

На крајот, Столтенберг рече дека не е тајна дека позициите на Русија и Западот сè уште се многу далеку.

– Сè уште е можно политичко решение, но Русија мора да се ангажира и навистина да се обиде да ги смири тензиите. Ние ги дадовме нашите предлози и подготвени сме да ја слушнеме руската страна. Што се однесува до членството во НАТО, тука се земји како Украина и Грузија. Јасно ставивме до знаење дека не правиме компромиси. Тоа е основниот принцип на европската безбедност. Ние не сме наивни, што и да се договориме со Русија во различни формати, тоа мора да биде избалансирано и целосно реципрочно – заклучи Столтенберг.

Поврзани содржини