ХАКИРАН ПРОФИЛОТ НА АВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР Налогот на „WeChat“ е ребрендиран
WeChat е една од најкористените апликации за пораки во Кина, која во 2020 година броеше околу 1,2 милијарди корисници месечно.
Австралија ја обвини социјалната мрежа WeChat дека го презела профилот на премиерот Скот Морисон и ги насочила неговите следбеници на страницата за кинеските државјани во Австралија.
Ова денеска го потврди претседателот на Мешовитиот одбор за разузнавачки и безбедносни прашања на австралискиот парламент, Џејмс Патерсон.
Тој кажа дека профилот на Морисон е „преземен и ребрендиран“, пишува Си-Ен-Ен.
– Неговиот профил е хакиран – потврди тој.
Патерсон додаде дека налогот на премиерот сега ги пренасочува неговите следбеници на налогот „Австралиски кинески нов живот“.
WeChat е една од најкористените апликации за пораки во Кина, која во 2020 година броеше околу 1,2 милијарди корисници месечно.
Огромното мнозинство од нив се наоѓаат во Кина, но, исто така, мрежата е популарна и меѓу кинеската дијаспора.