ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ Забрана за камиони на Стража и кон Деве Баир
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Поради обилни врнежи од снег, од 8.30 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 9 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка-Деве Баир.
Автомотосојузот претходно соопшти дека поради обилни врнежи од снег, забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 4:50 часот е воведена и на патот R1202 Дебар – Маврово.
Во северните и во североисточните краеви на земјава поради врнежи од снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови по наместа влажни коловози, информира АМСМ и препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.