СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА Нема информација за повредени
Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде што живеат околу 600.000 луѓе.
Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтерова скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде што живеат околу 600.000 луѓе.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.