ПОВЕЌЕТО ЖЕНИ И ОВА БИ МУ ГО ПРОСТИЛЕ! Кети Пери ја откри најлошата навика на Орландо Блум (ВИДЕО)
Еден од најсексапилните актери на светот, сепак, има навика која нема да им се допадне на многу жени – дури ниту на неговата.
Пејачката Кети Пери во една емисија ја споделила со целиот свет лошата навика на својот партнер, актерот Орландо Блум, па шеговито истакнала дека не може да го „тренира“, бидејќи веќе дала сѐ од себе.
Еден од најсексапилните актери на светот, сепак, има навика која нема да им се допадне на многу жени – дури ниту на неговата.
Кети најпрвин ја пофалила хигиената на забите на својот свршеник, а потоа открила што ѝ пречи.
„Сака да си ги чисти забите со конец, што е одлично, бидејќи некои не го прават тоа и тоа е одвратно“, започнала Кети (37) во емисијата на Џејми Тикстон и Аманда Холден.
„Има убави заби, но го остава конецот за заби насекаде!“
Кети Пери открила дека Блум (45) го остава конецот „на нејзината страна од креветот, во автомобилот, на масата во кујната“, и покрај тоа што „имаат канти за отпадок насекаде“.
Кога Аманда Холден ја замолила да го „тренира“ Блум да се однесува подобро, Кејти на шега рекла: „Да, добро, дадов сѐ од себе„.
И покрај неговата лоша навика, Кети ги кажа најубавите зборови за таткото на нивната ќерка Дејзи Дејв и му испрати емотивна роденденска честитка:
„Среќен 45-ти роденден на најљубезниот, полн со душа, најсексапилниот и најсилниот маж што го познавам… Ти благодарам што си мој компас, сидро и носиш радост во секоја соба во која влегуваш. Ти си љубовта и светлината на мојот живот. Им благодарам на моите среќни ѕвезди за тебе и нашата сакана Д.Д.“
.@katyperry reveals Orlando Bloom’s worst habit and we’re shook… 👀😯 pic.twitter.com/FTe4IGiTfh
— Heart (@thisisheart) January 17, 2022