ПОТРЕБНО Е СООЧУВАЊЕ СО НАРОДОТ Николовски го оспори легитимитетот на владата
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени парламентарни избори.
На неодамнешните избори јасно беше кажано од Зоран Заев дека се „all in“ и избори на кои се одлучува за легимитетот негов, неговата влада и партија и народот жестоко го казни, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешната собраниска седница на која се дискутира за избор на нова влада, при што додаде дека со оваа влада корупцијата цвета и воедно ни носи национално понижување.
– Ние сме денес овде затоа што поразена е секоја политика на Зоран Заев, ние сме овде затоа што народот жестоко ги порази националните понижување, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Затоа Зоран Зоран заминува, но немаше храброст да ја извади својата партија на соочување со народот за генералниот концепт по кој државата треба да се движи. Скоро и да нема пример да вака вештачки се бега од народот – рече Николоски.
Тој истакна дека соочување со народот е потребно, народот треба да каже дали се согласува со овие политики.
– Сега се соочуваме со најголемиот срам во историјата на постоењето на македонската демократија, а тоа е да се киднапира пратеник кој се појави после 5 дена. Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, на континуитет која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики. Нивните политики не може магично да се сменат. Затоа гледаме кавга во јавноста за префрлување на одговорност во однос на извесното национално предавство во односите со Бугарија – нагласи Николоски.
Тој рече дека корупцијата продолжува цвета, и кога во криза се предлагаа мерки Заев единствено што направи беа два големи тендери во РЕК Битола во 4 очи од 25 милиони евра.
– Тој континуитет на корупција го продолжуваат истите кадри кои остануваат во оваа влада. Ова е влада која нема визија за економија, која не донесе странски инвеститори и нема визија како да го подигне стопанството -рече Николоски.
Николоски се обрати кон помалите политички партии кои ја поддржуваат оваа влада како ДОМ, ЛДП, НП, ДС и посочи дека зошто ја поддржуваат одговорот е или се уценети или се криминализирани па немаат избор.
– Ваквото понижување кое на себе си го правите нема друго образложение. Затоа ве поттикнувам сами да излезете на следни избори да видите што мисли народот за вас затоа што поддржувате ваква влада и вакви политики -рече Николоски.
Тој посочи дека ова е влада која 4 години лаже за почеток на преговори и процесот на евроинтеграција го злоупотреби како ниедна друга земја.