ЌЕ ТЕ УБИЈАМ! Бонучи му се заканувал на секретарот на Интер, ќе се соочи ли со казна? (ВИДЕО)
Во моментот кога беше постигнат погодокот, Бонучи чекаше знак од судијата за да влезе во игра, а секретарот на Интер, Кристијано Моцило, кој се наоѓаше на само неколку метри до Бонучи, започна еуфорично да ја слави победата.
Победничкиот гол во 121 минута што го постигна Алексис Санчез во вчерашното финале од Суперкупот помеѓу Интер и Јувентус ги фрли во очај играчите на Старата дама, но очигледно, најмногу го погоди дефанзивецот на тимот од Торино, Леонардо Бонучи, кој упатил и смртни закани кон луѓето од противничкиот табор.
Имено, Бонучи се подготвуваше да влезе во игра во самиот финиш од натпреварот, бидејќи сите очекуваа натпреварот да заврши без победник и да се шутираат пенали. Но, така не мислеше и Чилеанецот Алексис Санчез, кој буквално во последната секунда од мечот ја смести топката зад грбот на противничкиот голман.
Во моментот кога беше постигнат погодокот, Бонучи чекаше знак од судијата за да влезе во игра, а секретарот на Интер, Кристијано Моцило, кој се наоѓаше на само неколку метри до Бонучи, започна еуфорично да ја слави победата.
Тоа го налути италијанскиот репрезентативец, кој почна да го турка секретарот и наводно му се заканил дека ќе го убие.
Сега, како што пишуваат италијанските медиуми, Бонучи би можел да добие строга казна од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Во продолжение, погледнете ја турканицата:
Ma che ha fatto Bonucci al gol di Sanchez? pic.twitter.com/XMxUehnwz4
— Roberto Dupplicato (@duppli) January 12, 2022