СКАНДАЛ НА АВСТРАЛИСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО ЖИВО За Ѓоковиќ кажаа дека е лажго и подмолен, па го пцуеја (ВИДЕО)
Кога гледаме сѐ, Новак Ѓоковиќ е лажго, подмолен, се ** ња. Од која страна и да погледнете, невозможно е само тој да е во право. Не се шеташ кога си позитивен, лажеше, сигурно е лажен тест. И после тоа, отиде во Шпанија, и ќе успее да се извлече од сѐ, разговараа двајцата водители.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве „не се симнува“ од телевизиските екрани во Австралија, а причина е секако судскиот процес против тамошната Влада пред Сојузниот и семеен суд кој го доби по што му беше вратена визата.
Тој во моментов се подготвува за Австралија опен, но многумина во оваа земја очигледно не можат да поднесат што Новак направи сѐ што е потребно за да влезе во земјата за време на пандемијата врз основа на лекарско ослободување, па сега почнаа да го навредуваат.
Еден вид скандал се случи во живо на програмата на „Канал 7“, каде меѓу снимањата, очигледно несвесни дека веќе се вклучени во програмата, водителите на оваа телевизија упатија низа навреди кон Новак Ѓоковиќ.
– Кога гледаме сѐ, Новак Ѓоковиќ е лажго, подмолен, се ** ња. Од која страна и да погледнете, невозможно е само тој да е во право. Не се шеташ кога си позитивен, лажеше, сигурно е лажен тест. И после тоа, отиде во Шпанија, и ќе успее да се извлече од сѐ – разговараа двајцата водители.
Видеото брзо стана вирално и наиде на голем број негативни реакции, а многумина прашуваа за професионалноста на двајцата новинари, кои секогаш треба да известуваат неутрално за целата ситуација. Овие норми изгледа се одамна заборавени на „Канал 7“.
Во продолжение погледнете го видеото и слушнете го разговорот на двајцата водители на „Канал 7“.
Lol pic.twitter.com/JqlKnap2p1
— Lucky Lance (@theluckylance) January 11, 2022