ГИ СКИНАЛ ЛИГАМЕНТИТЕ Италија загуби клучен играч пред мечот со Македонија
Како што објавуваат италијанските спортски медиуми, Киеза најверојатно нема да заигра фудбал до крајот на сезоната, а тоа значи дека нема да настапи и на натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Македонија.
Италијанскиот фудбалски репрезентативец и играч на Јувентус, Федерико Киеза, вчера на натпреварот против Рома ги скинал лигаментите на коленото и сега го очекува повеќемесечна пауза.
Како што објавуваат италијанските спортски медиуми, Киеза најверојатно нема да заигра фудбал до крајот на сезоната, а тоа значи дека нема да настапи и на натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Македонија.
Киеза е еден од клучните играчи во дресот на европскиот шампион, но сега нема да може да им помага на своите репрезентативни колеги во полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Македонија.
Македонија ќе гостува во градот Палермо на 24 март, каде сигурно за Италија ќе биде голем проблем што ќе го немаат Киеза, но од друга страна, пак, во нашиот состав нема да го има Елиф Елмас, кому му е забрането да игра поради жолти картони.