ОД УТРЕ ЌЕ ИСТУРА Денеска облачно и до 12 степени

916

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.






Според прогнозата на УХМР, во Скопје претпладне ќе биде значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во утре, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има од среда со ниски утрински и дневни температури.

Поврзани содржини