ТРЕТА ДОЗА ДА СЕ ДАВА ПОСЛЕ ТРИ, А НЕ ПО ПЕТ МЕСЕЦИ ОД ПРВАТА Така Франција ќе ја намали смртноста од омикрон за 15 отсто

Во образложението на Француската национална здравствена агенциа се наведува дека поради побрзото ширење на омикон-сојот на коронавирусот, одлучено е периодот помеѓу првата и бустер дозата да се скрати од пет на три месеци, објави „Политико“.

1,182

Бустер-дозата да се прима по три, а не после пет месеци од првата доза, одлучи француската национална здравствена агенција, а ова скратување би можело да ја намали смртноста од омикрон-сојот за најмалку 15 отсто, кое го потврди и Агенцијата на ЕУ за превенција и контрола на болести.

Во образложението се наведува дека поради побрзото ширење на омикон-сојот на коронавирусот, одлучено е периодот помеѓу првата и бустер дозата да се скрати од пет на три месеци, објави „Политико“.






Претходните анализи покажаа дека омикрон успешно го заобиколува имунитетот стекнат со две дози вакцина, но беше откриено дека бустер-дозите во голема мера ја спречуваат можноста за зараза.

Поврзани содржини