ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ТОПЛО, А ЌЕ ИМА И СОНЦЕ Наутро магливо со -6, преку ден од 6 до 12 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

274

Претпладнево по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, a преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност, вели прогнозата на УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.






Во Скопје, претпладнево ќе биде со услови за појава на слаба магла, а денот променливо облачен со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до-4, а максималната ќе достигне 6 степени.

За време на викендов по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Утре облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови пораст на температурите и топење на снежната покривка.

Поврзани содржини