ЗАЕВ СРАМЕЖЛИВО ЌЕ ЈА НАПУШТИ ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА Оставката до Собранието ќе ја испрати по курир?

Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев и ќе ја откаже седницата за пратенички прашања, бидејќи со премиерската оставка, практично во оставка ќе биде и целата влада.

4,524

Во секој момент се очекува премиерската оставка на Зоран Заев да пристигне во собраниската архива, а како што објави ТВ24, повикувајќи се на високи партиски извори, премиерот во заминување нема да му се обрати на народот и нема да даде изјава за медиумите, а исто така постои опцијата неговата оставка да биде доставена со курир во Собранието.

Како што објави телевизијата, собранискиот спикер Талат Џафери ќе ја констатира оставката и ќе ја откаже седницата за пратенички прашања, бидејќи со премиерската оставка, практично во оставка ќе биде и целата влада.






Планот е најдоцна до 17 јануари следната година да се избере новата влада предводена од лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Поврзани содржини