БЕШЕ МИС И ФИЛМСКА НАДЕЖ Наместо блескава кариера, ѝ се случила трагедија (ФОТО)
Публиката ја памети по победата на изборот за Мис во 1967 година, а потоа и по улогата во филмот „Рани дела“ на Желимир Жилник две години подоцна.
Шармантната Миља Вујановиќ беше српска актерка, мис, магистрирала политички науки и се занимавала со астрологија, пишува „Б92“.
Публиката ја памети по победата на изборот за Мис во 1967 година, а потоа и по улогата во филмот „Рани дела“ на Желимир Жилник две години подоцна. Токму ова остварување го освои Берлиналето и Златната мечка, а режисерите ѝ предвидоа завидна кариера.
Наградата за главна женска улога не била донесена бидејќи жирито не можело да се одлучи помеѓу Миља и Џералдина Чаплин.
Миља дипломирала на два факултета, Драмска академија и на новинарство, а остварила улоги во филмовите „Снег на усни“, „Мајка, син, внук, внука“, „Рани дела“, „Бубачки во главата“, „Неретва“, „Мост“ „Нокаут“.
View this post on Instagram
„Одлучив да го напуштам филмот кога сфатив дека текстовите што ги изговарам не се онакви какви што би ги изговарала во слични ситуации. Почнав да ја проучувам астрологијата пред триесет години. И иако се жалам за филмот, до ден-денес ѝ останав верна на астрологијата. Впрочем, ние не ја избираме професијата, професијата нѐ избира нас“, истакнала своевремено Вујановиќ.
View this post on Instagram
Покрај основните професии, се занимавала и со астрологија, а предвидела дека во иднина ќе се случи нешто негативно и така се случило.
Нејзиниот љубовник Обрад Зејак ја застрелал во мај 2000 година, а потоа се пријавил за обид за убиство. Таа успеала да се разбуди од кома, но овој страшен чин оставил големи последици врз неа. Миља починала на 4 јуни 2005 година.
ФОТО: Инстаграм