ПАНДЕМИЈАТА НАПРАВИ ПУСТОШ ВО НБА ЛИГАТА Бруклин бара кошаркари на сите страни
Поради големите проблеми поврзани со позитивни играчи на коронавирус, раководството на Бруклин, како што јавија синоќа американските медиуми, забрзано преговара и потпишува десетдневни договори со повеќе кошаркари без ангажман.
Новиот бран коронавирус во Соединетите Американски Држави сè повеќе им наштетува на клубовите во НБА лигата, а во моментов најтешка е состојбата во редовите на Бруклин.
Еден од главните фаворити сезонава за освојување на титулата, заклучно со саботата пријави осум кошаркари во ковид-протоколот, меѓу кои и Џејмс Харден и Кевин Дурант.
Поради големите проблеми поврзани со позитивни играчи на коронавирус, раководството на Бруклин, како што јавија синоќа американските медиуми, забрзано преговара и потпишува десетдневни договори со повеќе кошаркари без ангажман.
Со ефект од 21 победа и осум порази, Бруклин е актуелен лидер во Источната конференција во НБА лигата.