ЌЕ ПРИФАТИ ЛИ ДУИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ПРЕДЛОЖЕН ОД ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски ја фрли ракавицата

Македонија имала премиер којшто не бил Македонец, бил Влав, еве ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи премиер Албанец, но дали ДУИ ќе го прифати? - праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

3,481

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна рече дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не разговарал за премиер Албанец, но постави прашање дали ДУИ ќе прифати премиер Албанец по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

– Немаме разговарано, ја слушав таа изјава од негов соработник. Немам разговарано на таа тема, но зошто еве да речеме најголемата политичка партија предлага технички премиер, еве во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ, зошто па ДУИ да не поддржи премиер којшто ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, а да биде Албанец Ако тие мислат дека со враќање на темата премиер Албанец народот ќе има колективна амнезија и за тие живи 14 што гореа во модуларната болница и за оние души на автобусот на Беса-Транс којшто 135 пати поминал граница, технички неисправен, и за закочениот евроинтегративен процес, и за катастрофата за сè во државата и сега ајде ќе ја враќаме темата Албанец. Македонија имала премиер којшто не бил Македонец, бил Влав, еве ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи премиер Албанец, но дали ДУИ ќе го прифати? – праша Мицкоски.

Поврзани содржини