„ГУГЛ“ ГИ ОТПУШТА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ РАБОТНИЦИ Сите американски фирми со над 100 вработени мора да се „боцнат“

Над 150.000 работници се на удар, а мерката се совпаѓа со маките на „Гугл“ да ги повика вработените кои работат од дома да се вратат барем на три дена во неделата.

275

Месец дена „платен одмор“, шест месеци неплатен, а потоа отпуштање ги очекува сите вработени кои не се вакцинирани против коронавирусот и кои одбиле да откријат дали се или не се „боцнати“ до трети месецов, пишува Блиц. Одлуката доаѓа откако владата на САД нареди сите американски компании кои имаат 100 или повеќе вработени целосно да ги вакцинираат до 18 јануари.

Според документите до кои дошла Си-Ен-Би-Си, оние кои во „Гугл“ веќе се на платено отсуство, ќе имаат можност да ги задржат бенефициите до 92 дена, а доколку во тој период не се вакцинираат, ќе им престане работниот однос.






Над 150.000 работници се на удар, а мерката се совпаѓа со маките на „Гугл“ да ги повика вработените кои работат од дома да се вратат барем на три дена во неделата.

Поврзани содржини