НА КИАНУ РИВС НЕ БИ МУ ПРЕЧЕЛ САЈБЕР-СЕКС СО ОБОЖАВАТЕЛКИТЕ „Матрикс воскреснат“ и метаверзумот се споија во нова игра (ВИДЕО)
Но, неговата партнерка во филмот, Тринити, која ја толкува глумицата Кери Ен Мос не е толку сигурна дали ќе даде дозвола за виртуелен секс. Јас, од друга страна, велам не, благодарам, се насмевна Мос.
„Матрикс воскреснат“, четвртиот дел од легендарниот научнофантастичен трилер месецов ќе пристигне во американските кина, но фановите ги чека нешто повеќе од премиера. Тие во Виртуелна Реалност (ВР) ќе можат да влезат во филмот и да ги искусат некои од сцените, па дури и да имаат секс со главниот лик Нео, на што актерот Кијану Ривс нема никаква забелешка, пишува Футуризам.
– Помислете колку пари има во порно-индустријата. Не би требало ни да бидете таму, а луѓето би можеле да имаат дигитален секс со вашиот дигитален аватар – рече Ривс во видеоинтервју за Верџ.
Но, неговата партнерка во филмот, Тринити, која ја толкува глумицата Кери Ен Мос не е толку сигурна дали ќе даде дозвола за виртуелен секс.
– Јас, од друга страна, велам не, благодарам – се насмевна Мос.
Дали во иднина би можеле да видиме бурно, дигитално направено порно со Ривс? Ќе треба да почекаме и да видиме, но знаеме дека Ривс најверојатно ќе излезе со некоја дива содржина бидејќи тој веќе поседува малку криптовалути, има кацига за ВР и е фасциниран од метаверзумот.
– Реалниот свет е дури понапред од нашата научна фантастика – вели Ривс во ВР, мислејќи на научнофантастичниот „Матрикс“.