ПРВ СНЕГ, ПРВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Надлежните ги нема да ги исчистат сообраќајниците

Проблеми во сообраќајот има на повеќе патни правци во планинските региони.

2,114

Снегот пак ги изненади надлежните. Проблеми во сообраќајот има на повеќе патни правци во планинските региони.

Во мавровскиот регион тешко се  одвива сообраќајот. Граѓани јавуваат дека колона со возила има кај месноста Бунец, а полицијата прави напори да обезбеди движење по една коловозна лента кон Дебар.






Граѓани кои се најдоа утрово на пат преку социјалните мрежи информираат дека и кружниот пат околу Мавровското Езеро е непрооден.

И автопатот Скопје – Тетово – Гостивар речиси е целосно под снег, особено снег има на превојот Стража каде автомобилите едвај се искачуваат. Снег го отежнува движењето на возилата и на патот Тетово – Попова Шапка и отсече дел од планинските села.

Од АМСМ информираа дека на деловите од патиштата посебно во планинските превои сообраќајот се одвива отежнато и е забрането движење на тешки товарни возила.

Од ЈП Македонија пат утрово информираа дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни иако сликата на терен е поинаква.

Поврзани содржини