ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА Вработените во Видеолотарија даруваа крв

Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ја реализираше традиционалната акција на дарување крв.

160

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје реализираше крводарителната акција, која е нивна традиција веќе неколку години.

Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ја реализираше традиционалната акција на дарување крв. Согласно сите протоколи, со голема претпазливост и почит кон мерките за заштита во време на пандемија, вработените даруваа крв.






– Крводарителната акцијата, веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме двапати годишно како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности – велат од компанијата. 

Екипата на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје не ја криеше благодарноста и задоволството од подарените крвни единици во услови на пандемија.

Поврзани содржини