ЖЕЛБА МИ Е ДА СЕ ПРИЈАВАТ ПОВЕЌЕ ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ Драгана Чифлиганец ќе зборува за учењето низ пракса

Мојата потајна желба е на оваа Програма за клуб на менаџери, што ја организира Стопанската комора и која започнува за една недела, да се пријават што повеќе жени, вели Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“, која е предавач на Програмата за клуб на менаџери – претприемништво и лидерство при Стопанската комора.

549

Ако сме завршиле школо и имаме добра идеја, тоа само по себе не е доволно за успех. Патот до успехот е долг и има многу препреки. Успехот има многу елементи, кои не ги пишува во книга, туку се учат преку секојдневна работа, тоа е начинот да се стекнеме со многу вештини. А сѐ што работиш, мора да е со љубов ако сакаш да успееш, вели во интервју за Фактор, Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“ и потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. Таа е предавач на Програмата за клуб на менаџери – претприемништво и лидерство што при Комората започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај 2022 година Стопанската комора неодамна креираше алатка со која планира активно да се вклучи во помош на бизнисите и нивен зголемен раст, а за таа цел е формиран Совет за унапредување на високото образование.

– Мојата потајна желба е на оваа Програма за клуб на менаџери, што ја организира Стопанската комора и која започнува за една недела, да се пријават што повеќе жени со цел да го зголемиме капацитетот, можностите за што поголема вклученост и напредок на жените, а особено нивно позиционирање на што повисоки функции во компаниите во кои работат. Искрено се надевам дека пренесувајќи ги успешните примери за личен развој ќе бидеме пример и мотивација за младите – вели Чифлиганец.

Поврзани содржини