БОЛДВИН ТВРДИ ДЕКА НЕ ГО ПОВЛЕКОЛ ЧКРАПАЛОТО Актерот се расплака во првото интервју по трагедијата (ВИДЕО)

„Некој ставил куршум во пиштолот. Куршум кој не ни требало да биде на снимањето“, рекол Болдвин.

666

Холивудскиот актер Алек Болдвин во најновото интервју открил детаљ кој целосно ја превртува трагичниот несреќен случај од сетот на филмот „Рѓа“ во текот на кој актерот ја уби својата колешка Халина Хачинс. Имено, тој сега тврди дека воопшто не го повлекол чкрапалото.






„Никогаш не би вперил пиштол во некого и би го повлекол чкрапалото. Никогаш не би го направил тоа и тоа не се случи“, рекол Алек Болдвин.

Тој објаснил дека не му било јасно како вистинскиот куршум завршил во пиштолот којшто се користел на снимањето и изјавил дека тоа воопшто не смеело да се случи.

„Некој ставил куршум во пиштолот“, рекол Болдвин. „Куршум кој не ни требало да биде на снимањето. Дури и сега ми е тешко да поверувам дека се случи инцидент. Сè уште ми делува нереално“, додал тој.

Низ солзи зборувал за својата почината колешка и за тоа колку му е тешко што несреќниот случај пресудил нејзиниот живот да заврши трагично.

– Сите ја сакаа и почитуваа. Сите – рекол Болдвин и се расплакал.

Да потсетиме, на 21 октомври, Болдвин држеше револвер за време на пробата за снимањето на „Рѓа“ на ранчот Бонанца крик во Ново Мексико, кога пукаше од пиштол, убивајќи ја кинематографката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

 

Болдвин рекол дека неговото срце е скршено и дека соработува со истражителите.

Судските документи вклучуваат и налог за претрес на локалната продавница за муниција и филмските реквизити.

Сопственикот на продавницата и рекол на полицијата дека се сомневал дека куршумите, кои биле пронајдени на филмскиот сет, всушност биле рециклирана муниција што ја добил од пријател. Но, сепак главното прашање останува како вистински куршум наместо маневарска муниција завршил во пиштолот.

Досега против никого не е поднесена кривична пријава. Двајца членови на придружниот тим покренале граѓанска тужба во врска со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини