Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и земање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила, велат од МВР за ТВ21.
Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва беа евакуирани, а на вработените им било кажано веднаш да излезат од објектите.
Испразнети беа и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје. Полицијата не дозволуваше движење на луѓе и возила кон „Мавровка“, МНТ и МРТ, а блокирани беа и околните улици и крстосници.
„Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 часот во билетараницата на МНТ“, информираа од МВР откако беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.