ОДЛОЖЕНА ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ Поради несреќата нема да заседаваат Централниот и Извршниот одбор на СДСМ

Од партијата СДСМ соопштија дека Централниот и Извршниот одбор на партијата вечерва нема да заседаваат поради трагедијата во која животот го загубија 46 лица, а седуммина се повредени.

1,203

Оставката на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, е одложена пред органите на партијата поради страшната трагедија што се случи во Бугарија, јавува „Телма“.

Од партијата СДСМ соопштија дека Централниот и Извршниот одбор на партијата вечерва нема да заседаваат поради трагедијата во која животот го загубија 46 лица, а седуммина се повредени.






– СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и на ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и до целиот наш народ – посочуваат од СДСМ.

Засега нема информации кога ќе се одржат овие седници кои беа закажани на барање на Заев, кој најави дека ќе бара признавање на оставката, најавена на 31 октомври, по вториот круг од изборите и лошите резултати на владејачката коалиција.

По констатирањето на оставката, стартува рокот од 15 дена за распишување на внатрепартиските избори за нов лидер, а се очекува истото лице да стане и мандатар за состав на новата влада.

Поврзани содржини