ПО СМРТТА НА МЕРИМА СЕ ОГЛАСИ НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА Срцепарателна порака (ФОТО)
Тажната вест потресе многумина, а сега по овој повод се огласи и една од трите ќерки на пејачката.
Српската пејачка Мерима Његомир почина на 69-годишна возраст по борбата со лошата болест. Тажната вест потресе многумина, а сега по овој повод се огласи и една од трите ќерки на пејачката.
Имено, Љубица беше и прва од четирите деца која ја потврди веста за смртта на нејзината мајка, а потоа се огласи преку социјалните мрежи.
„Чест е да се биде твое дете. Бескрајно мила моја мамичка“, напиша Љубица на социјалните мрежи.
Мерима зад себе остави три ќерки и еден син и четири внуци.
Пејачката иако се разведе во минатото остана во добар однос со сопругот кој почина пред неколку години.
Мерима инаку неодамна проговори за својата здравствена состојба и дека води битка со ракот, а во медиумите искрено зборуваше и дека не се чувствува добро поради болките, но и дека нема да се откаже од борбата.
– Здравствено се чувствувам лошо, се борам против тешка болест. Со голем тим од експерти и лекари, се надевам дека ќе се изборам со оваа тешка болест. Ја користам целата моја сила и сѐ што имав во претходните години, мојата енергија и да се обидам да се изборам. Многумина се избореа, се надевам дека и јас ќе се изборам, мислам позитивно – изјави тогаш пејачката.
ФОТО: Фејсбук