ЕСМ ТВРДИ ДЕКА НЕМАЛО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ХЕЦ ВРУТОК Хидроелектраната не работела 15 минути поради осигурувач на вод
Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница.
АД ЕСМ демантира дека имало експлозија во ХЕЦ Вруток. Компанијата појасни дека станува збор за краток прекин од 15 минути во работата на хидроцентралата поради осигурувач на вод кон гостиварските села.
„Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница“, се вели во демантот.
ЕСМ ги оценува како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори.
„Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста“, стои во соопштението.
Претходно медиумите објавија дека имало експлоција во хидроелектраната.