ЛЕКАРИТЕ-СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ МОЖАТ ДА ДЕЖУРААТ ВО ДРУГА УСТАНОВА ПО РАБОТНОТО ВРЕМЕ Владата ги прифати измените во Законот за здравствена заштита
Со ова практично на мала врата се воведува можноста лекарите да работат и по завршувањето на работното време, а со тоа да заработат повеќе пари, но и да придонесат за подобрување на услугите за пациентите.
По завршувањето на работното време, лекарите-специјалисти ќе можат да дежураат во која било друга здравствена установа, а ваквата измена во Законот за здравствена заштита веќе беше изгласана на денешната владина седница.
Со ова практично на мала врата се воведува можноста лекарите да работат и по завршувањето на работното време, а со тоа да заработат повеќе пари, но и да придонесат за подобрување на услугите за пациентите.
Според соопштението кое го објавија од Министерството за здравство, законските измени предвидуваат:
- Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион;
- Од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови, и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството;
- Во ординациите на матичните лекари, пациентите остануваат во истата ординација доколку нивниот матичен лекар се пензионира, или го напушти тоа работно место. Со тоа пациентите лесно продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација;
- На веќе вработените лекари, за шестмесечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени;
- Се регулира и вклучувањето на граѓанските организации во системот на здравствена заштита.
Откако поминаа на владина седница, предлог-измените треба да бидат усвоени и во Собранието.