ВО СОБРАНИЕТО СЕ СЛУЧИ ПРЕДАВСТВО Лидерот на Алтернатива сведочи за големи притисоци врз пратениците

Крајно време е да се ослободиме од ваквиот начин на функционирање на демократијата и да бидеме попринципиелни и поправедни пред граѓаните, пред себеси и пред Господ - рече Гаши.

3,835

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во емисијата „360 степени“ на Алсат, ја коментираше седницата во Собранието на која требаше да се расправа за интерпелацијата за Владата на Заев.

Непојавувањето на пратеникот од Движењето Беса, Кастриот Реџепи на седницата, Гаши го оцени како предавство.






– Не можеме да кажеме нешто друго од тоа што го кажа лично пратеникот. Ако вели „слободен сум, по моја волја сум тука“, немаме право да кажеме нешто ако тој го кажал спротивното за себе. Дали имало притисоци, тоа е сосема друга димензија. Но, сè додека тој лично излегува и кажува што се случило, кој е неговиот став, мислам дека јавноста треба да молчи односно нема право да му противречи – рече Гаши.

Сепак, ако сте дале потписи за одредена иницијатива, додаде Гаши, мислам дека треба да размислите два пати, но во моментот кога сте дале потпис, достоинството на еден пратеник треба да биде поврзано со таков процес.

– Затоа, мислам дека се работи за искривување, предавство би рекол од пратеник кој стави потпис, а не се појави. Од друга страна, можеме да кажеме дека имало големи притисоци врз сите пратеници, не знам дали е нормално, сакав да го наречам како нешто нормално. Нормално е секое мнозинство да го чува својот број пратеници, мнозинството, но не со недемократски форми. Затоа, мислам дека е крајно време да се ослободиме од ваквиот начин на функционирање на демократијата и да бидеме попринципиелни и поправедни пред граѓаните, себеси и пред Господ – рече Гаши.

На прашањето дали добиле понуда од СДСМ за разговор за влез во Владата тој одговори дека немаат ниедна понуда.

Принципиелно е, посочи, ние да дискутираме прво со ВМРО и Алијанса, да видиме кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси, за тоа како го гледаат тие, а како ние на процесот за излез од кризата.

– Ако имаме заеднички точки, ако се усогласуваме, мислам дека ќе продолжиме да бидеме конзистентни во тоа што сме биле досега како конструктивна опозиција итн. Но, доколку не може да се договориме, дури тогаш може да видиме што се очекува од нас, кој е новиот контекст, во тој нов контекст каде може да се најде себеси Алтернатива и, се разбира, ќе треба оваа работа да ја дискутираме во нашите партиски органи. Ние сме демократска партија со доста развиена демократија, ние не ги добиваме одлуките од еден човек или од некоја тесна група туку ја отвораме како дебата внатре, дискутираме долго, ги анализираме сите димензии и ја носиме таа одлука за која мислиме дека е во интерес на сите граѓани – рече Гаши.

Поврзани содржини