КАСАМИ ГО ИСКЛУЧИ РЕЏЕПИ ОД БЕСА Пратеникот не ја поддржа партијата во интерпелацијата на Владата

Јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми го исклучив гореспоменатиот член од сите партиски функции и тој не е повеќе член на Движењето Беса - напиша Билал Касами на Фејсбук.

1,362

Лидерот на Беса, Билал Касами попладнево објави дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, пратеникот кој не дојде во Собранието кога беше поднесена интерпелација на Владата.

– Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието предходниот ден, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и Статутот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот, го исклучив гореспоменатиот член од сите партиски функции и тој не е повеќе член на Движењето Беса – напиша Билал Касами на Фејсбук.

 

Поврзани содржини