ПРВЕНЧЕ НА ЕМИЛИ ОБОЧКИ 17-годишна девојка е авторка на новелата „Ирис“
Новелата „Ирис“ од Емили Обочки опфаќа разни теми: последиците на војната врз развојот на децата, психолошкото созревање на поединецот и љубовта во семејството, сите вешто испреплетени во една целина која буди силни емоции кај читателите.
Излезе од печат првата книга, новела, на Емили Обочки, 17-годишна девојка, ученичка од трета година во гимназијата СУГС „Георги Димитров“ во Скопје. Книгата е насловена „Ирис“, публикувана е во издание на „Ѓурѓа“, а ја промовираше авторот и академик, Александар Прокопиев.
Новелата „Ирис“ од Емили Обочки опфаќа разни теми: последиците на војната врз развојот на децата, психолошкото созревање на поединецот и љубовта во семејството, сите вешто испреплетени во една целина која буди силни емоции кај читателите.
„Како едно дете живее со консеквенциите од тоа бурно време? Што значи човек да се разбуди во сосема ново семејство? Моќно дело каде што се поврзани макотрпната војна и потребата од своите најблиски, а на многу реален начин е доловена и пропаста на човекот при одделување од својата фамилија. Со првиот чекор во новиот дом Дороти Еванс запаѓа во една заблуда за својата околина, која суптилно ги прикажува нејзините најстрасни каприци и во која секоја спомената индивидуа ја претставува една од петте фази на тагување. Но, дали тука војната со сопствените емоции се издигнува над она што всушност бил нејзин причинител?“, наведува промоторот Прокопиев.
Книгата е достапна за продажба на страната на концептуалната продавница Urma на следниот линк: https://urma.mk/product/iris/