ГОЦЕ ВЕГЕТА ГО СМЕНИ ЗАЧИНОТ Кандидатот за градоначалник на Охрид обвинет за нелегално производство и продажба на марихуана

Пријавата е поднесена на 2 ноември, а претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник.

845

Независниот кандидат за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски, кој стана познат во јавноста како Гоце Вегета бил фатен со марихуана, а од СВР Охрид е поднесена кривична пријава против него за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.

Во станот во кој престојувал му биле најдени две зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис.






-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис – се вели во соопштението од полицијата.

Пријавата е поднесена на 2 ноември, а претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник.

Поврзани содржини