ДОСЕГА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 807.528 ГРАЃАНИ Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните

Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

174

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2 293 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807. 528 граѓани, ревакцинирани се 778 482, а трета доза примиле 38 719 граѓани. Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.






Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, наведуваат од Министерството за здарвство. 

Поврзани содржини