ЦЕНТАР ОСТАНА ВО РАЦЕТЕ НА СДСМ Герасимовски вети отворена општина за сите граѓани
Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2.000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓаните кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката, вели Герасимовски.
Кандидатот на СДСМ за општина Центар, Горан Герасимовски, прогласи победа во вториот круг од локалните избори.
-Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2.000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓаните кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и подигаме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден – изјави Герасимовски.