Екипата на телевизија Сител денеска била спречена од полициски службеник во вршење на своите професионални задачи за известување од вториот круг на локалните избори, објави порталот Република.
Екипата од еден новинар и снимател излегла од своето возило и се подготвувале да снимаат прилог од избирачко место, а полициски службеник на дрзок начин ги спречил во таа намера.