КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА МЕТАВЕРЗУМОТ НА ЗАКЕРБЕРГ? Аватари ќе ги читаат нашите изрази на лицето (ВИДЕО)
Измисленото царство ќе им овозможи на луѓето да стават слушалки и очила и да влезат во виртуелниот свет каде што можат да бидат кој било или што било, а сето тоа од удобноста на својот дом, пренесува „Дејли мејл“.
Новото име на Фејсбук ќе биде „Мета“, а компанијата веќе не чека и објави какви ќе бидат слушалките, очилата и аватарите во оваа нова, проширена реалност која ќе го носи името „Проект Камбриа“, пренесува Фактор. Марк Закерберг и самиот говореше за новите изненадувања во живо на конференцијата „Конект 2021“.
Закерберг зборуваше за сензорите кои ќе му овозможат на аватарот на корисникот да воспостави природен контакт со очите и со изразите на лицето, едновремено, додека е во Метаверзумот.

Слушалките исто така ќе овозможат мешана реалност – поврзување на реалниот и виртуелниот свет за создавање нови средини – со помош на камери кои пренесуваат видео во боја со висока резолуција на екраните на очилата.

Измисленото царство ќе им овозможи на луѓето да стават слушалки и очила и да влезат во виртуелниот свет каде што можат да бидат кој било или што било, сето тоа од удобноста на својот дом, пренесува „Дејли мејл“.