ЌЕ СПАСИ МНОГУ ЖИВОТИ Антидепресив кој е евтин, лесно се прави и може да помогне во лекувањето на корона

Пилулата би чинела четири долари за лекување на ковид-19.

2,465

Евтиниот антидепресив може да ја намали потребата од хоспитализација на високоризични возрасни лица заразени со ковид-19, покажуваат резултатите од студијата на Хамилтон, која барала постоечки лекови кои можат да ја променат целта и да се користат за лекување на коронавирусот, објави Си-Ен-Ен.

Истражувачите ја тестирале пилулата „флувоксамин“, која се користи за лекување на депресија и опсесивно-компулсивно нарушување, а за која е познато дека го намалува воспалението, и заклучено е дека може да има ветувачки резултати во помали студии.






Истражувачите ги споделија наодите со Националниот институт за здравство на САД, кој објавува упатства за третман, а сега се надеваат на „зелено светло“ од Светската здравствена организација.

– Ако СЗО го препорача ова, ќе видите дека тоа ќе биде широко прифатено – вели коавторот на студијата д-р Едвард Милс од Универзитетот Мекмастер во Хамилтон, додавајќи дека многу сиромашни земји ќе имаат лек кој е лесно достапен.

– Се надеваме дека тоа ќе доведе до многу спасени животи – додаде Милс.

Пилулата би чинела четири долари за лекување на ковид-19.

За споредба, третманите со антитела чинат околу 2.000 долари, а експерименталната антивирусна пилула на Мерк за ковид-19 е околу 700 долари.

Истражувачите го тестирале антидепресивот на околу 1.500 доброволци во Бразил кои неодамна се заразиле со коронавирусот и биле изложени на ризик од тешка клиничка слика поради дијабетес или срцеви проблеми.

Половина примале антидепресиви, другата половина лажни апчиња и биле под опсервација четири недели.

Во групата кои примиле лекови, 11 отсто од пациентите побарале болничко лекување, додека тоа било случај со 16 отсто од пациентите кои земале лажни апчиња.

Резултатите од студијата беа објавени во медицинското списание Lancet, а независните експерти кои го надгледуваа истражувањето изјавија дека може да се прекине предвреме бидејќи резултатите се јасни.

Остануваат прашањата за тоа која е најдобрата доза, како и дали другите пациенти, кои не се изложени на висок ризик да бидат хоспитализирани, би можеле да ја користат во лекувањето на коронавирусот.

Се тестираат и други лекови кои би можеле да помогнат во лекувањето на ковид-19.

Лекот против хепатитис сè уште се истражува, додека ивермектин, метформин и хидроксихлорокин се покажаа како неуспешни, наведува агенцијата.

Поврзани содржини