ПОЗНАТИОТ ПРИЛЕПСКИ ЛЕКАР ГО ПРЕЗЕДЕ КОРМИЛОТО Јовчески прво ќе се зафати со ревизија на општинските сметки

Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јовчески уште во првиот круг на седмите локални избори ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Прилеп во наредните четири години. 

356

Во општина Прилеп денес официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник меѓу новоизбраниот градоначалник Борче Јовчески и досегашниот Илија Јованоски. 

Од страна на општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Јовчески му беше доделено уверението како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп. 






По преземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп. 

Јованоски му го честиташе четиригодишниот мандат на Јовчески и му посака успеси во работењето и реализација на проекти во интерес на граѓаните. 

Новоименуваниот градоначалник Јовчески веднаш по примопредавањето на функцијата ги посети сите сектори во Општина Прилеп и се поздрави со сите вработени при што истакна дека очекува успешна соработка. Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јовчески уште во првиот круг на седмите локални избори ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Прилеп во наредните четири години. 

Тој  вети дека прва негова задача како градоначалник ќе биде да се направи еден пресек, една ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа  и јавните претпријатија.

-И како што велиме ние во Прилеп, за да имаме чиста сметка и долга љубов, прва задача ќе биде да се направи еден пресек, една ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа  и јавните претпријатија. Мора да се знае каде бил потрошен секој еден денар од граѓаните, буквално секој денар. Тоа мора да биде така, не само за да бидеме отчетни и за да почнеме од нула, туку за и ние да имаме намус, што би рекле моите пријатели од Канатларци, односно, да можеме и по 4 години, повторно да ја побараме вашата поддршка за чесното и наменско трошење на буџетски средства – рече д-р Јовчевски во изборната кампања.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27 мандати на членовите на советот, а исто така ќе биде избран и новиот претседател на советот.

Поврзани содржини