МАКСИМ ПРЕГОВАРА СО ВРХУШКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ И ТРОШИ МИЛИОН ЕВРА Илиевски обвини дека неговиот противкандидат манипулира

Може и на СДСМ утре ќе им текне да ме поддржат. Куманово од секогаш бил левичарски град, но ги запоставија правата на работниците и тоа им се врати - рече Димитриевски.

1,592

Милион евра троши Димитриевски на кампања, самите вмровци велат дека Димитриевски води преговори со врхушката на ВМРО за јавните претпријатија Водовод, Чистота, Пазариште, рече вечерва Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово во дебата на ТВ24.

Тој му посочи на Димитриевски да не манипулира со граѓаните и да не се претставува како нивен кандидат






ВМРО и Димитриевски соработувале, тоа го дознавме, негов шеф на штаб заедно со претседател на ВМРО Куманово преговарале и договарале – рече Илиевски. 

Илиевски го праша Димитриевски од каде толку скапа кампања?

– Слушнавме дека се преговара за јавни претпријатија Водовод, Чистота, Пазаришта, ветувања кон врхушката на ВМРО, слушнавме за станови давани на високи функционери на ВМРО, овие драматургии на Димитриевски се само да не зборува за тоа што не го изгради во Куманово – рече Илиевски.

Димитриевски објасни дека не можел да се дистанцира од никого во кампањата.

– Може и на СДСМ утре ќе им текне да ме поддржат. Куманово од секогаш бил левичарски град, но ги запоставија правата на работниците и тоа им се врати – рече Димитриевски.

Поврзани содржини