НОВА ПРЕПОРАКА ОД ЗДРАВСТВО Трета доза ќе се дава по три месеци за вакцинираните со „Синофарм“ и „Синовак“

За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „АстраЗенека“ или „Спутник V“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

1,092

Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.

– Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата – се вели во соопштението од министерството за здравство.






За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „АстраЗенека“ или „Спутник V“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат.

– Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2 – порачуваат од МЗ.

Поврзани содржини