ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ Османи вели имаат градоначалници во Липково, Сарај и Пласница

Според портпаролот на ДУИ, првиот круг успешно е завршен, а заедно со кампањата тој оцени дека е создаден еден круг на политички успех.

853

На првата прес-конференција по завршувањето на гласањето, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи истакна дека на локалните избори очекуваат победа во три општини уште во првиот круг, како и дека неговата партија има предност во речиси сите општини каде имаат кандидати.

– Според прелиминарни резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково. ДУИ има предноста во сите други општини каде учествува со свои кандидати и можам да кажам целиот дел е озеленет. Според првичните сознанија, ДУИ е во предност на пример во Чаир имам непотврдени сознанија дека односот е 2-1 за ДУИ и голема е предноста и можноста за победа уште во прв круг, но немам дефинитивна потврда. Во Куманово односот е 3-1 за ДУИ. Трендовите водат кон голема победа на ДУИ – истакна Османи.






Според портпаролот на ДУИ, првиот круг успешно е завршен, а заедно со кампањата тој оцени дека е создаден еден круг на политички успех.

– Изборите завршија успешно и покрај мали технички предизвиците кои брзо се отстрануваа и не го попречија изборниот процес. Излезност надмина до 50 отсто и дава суштински политички легитимитет со полн авторитет избраните претставници да ги преземаат функциите и со полн капацитет да ги спроведат политичките ветувања во кампањата – рече Османи.

Поврзани содржини