КАНДИДАТОТ НА СДСМ ДАВА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ ВО БАРГАЛА Јорданов ветува нормална локална власт во Штип

Ако вработените во Баргала во семејната фирма на Николов добиваат плата од 2 денари не може градоначалникот да не даде личен пример и тој да не биде дел и да се сочувствува со тие вработени, вели Јорданов.

903

Тоа што јас го ветувам е дека ќе имаме нормална локална власт која што ќе функционира во нормални услови, ќе бидеме достапни за нашите сограѓани, ќе ги рационализираме трошоците затоа што во време на финансиска криза не можат локалните власти се луксузираат со службени возила, да ги трошат парите на граѓаните, а да бараат од граѓаните да имаат разбирање дека живееме во финансиска криза, вели кандидатот за градоначалник на Штип Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Јорданов вели дека ќе се рационализираат трошоците на општината а со тоа ќе ја врати довербата на граѓаните во општината, посочувајќи го примерот кога семејната фирма на сегашниот градоначалник од СДСМ Сашко Николов поделила плата на вработените само 2 денари, односно како што рече тој Николов не сочувствувал со тие вработени и не се откажал од одредени привилегии како носител на јавна функција.






– Ако вработените во Баргала во семејната фирма на Николов добиваат плата од 2 денари не може градоначалникот да не даде личен пример и тој да не биде дел и да се сочувствува со тие вработени и да даде личен пример дека се лиши од одредени привилегии како носител на јавна функција. Сакам да кажам дека најпрво наша замисла и цел е да ги рационализираме трошоците, а со тоа да ја вратиме довербата на граѓаните и кон институциите и кон локалната самоуправа.

Јорданов вети низа проекти за штипјани, посочувајќи дека ќе го реши сообраќајниот хаос во градот преку изградба на сообраќајници и обиколница во Штип.

– Да го олесниме начинот на функционирање преку спроведување на низа на проекти кои што ги имаме зацртано. Во делот на инфраструктурата предвидуваме неколку нови сообраќајници, обиколница на Штип со кој што ќе се растерети сообраќајниот метеж и полесно ќе транзитираат луѓето од едниот до другиот крај на градот, потенцираше тој.

Јорданов го обвини Николов дека манипулирал кога говорел дека Генералниот урбанистички план е донесен, порачувајќи му дека новата локална власт ќе го донесе ГУП, а ќе учествуваат и граѓаните на Штип.

Во својата програма, Јорданов вети и подобрување на животната средина преку зголемување на зелените површини во градот.

– Но исто така предвидуваме и низа на проекти за подобрување на животната средина, во зголемување на зелените површини – додаде Јорданов.

Поврзани содржини