„КУПРОМ“ ЌЕ СТАНЕ МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР Петровска најавува негова ревитализација

Кандидатката за градоначалник на Скопје вели дека на просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани.

365

Зелен хуман град, Ана Петровска и Хајди Секвенц, советничката во Виена од Австриските Зелени, на изложба на мурали во „Купрум“ – напуштена фабрика за бакар, кајшто купивме билет за зелена и хумана иднина.

Во сегашноста, објектите на историското еколошко жариште – фабриката за производство на бакар „Купрум“ во населбата Хром пропаѓаат, бидејќи не се решени имотно-правните односи. Земјиштето и објектите се делумно во државна, делумно во привата сопственост, а еден дел влегуваат во стечајната маса на поранешната фабрика.






Овој простор како да ги повикува младите и уметниците да создаваат зелени иновации и уметност. Шетајќи покрај прекрасните мурали насликани на ѕидовите, Хајди Секвенц одушевено коментираше:

– Овој простор има специфичен карактер, објектите не смее да се срушат и на нивно место да се градат станбени згради!

Од Зелен хуман град велат дека Градот Скопје и општината Ѓорче Петров мора овој простор да го трансформираат во младински центар. Да се формираат зелени стартапи, занаетчиски работилници, помеѓу другото и за поправка на домашни апарати и мебел. На просторот може да се организираат изложби, концерти и други културни настани.

Напуштените индустриски објекти, стоваришта, културни домови, училишта, месни заедници, мора да се ревитализираат и пренаменат во јавни простори со многу зеленило и нови паркови. Само така Скопје ќе биде зелен и хуман град.

Поврзани содржини