ПОЛИЦИСКО-КРИМИНАЛНА БРКОТНИЦА КАЈ ГРАДСКО Скопјанец кој превезувал мигранти удрил во полициско возило и избегал
Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи Велес, Верољуб Додевски возачот избегал, а во возилото биле пронајдени десетмина мигранти.
Бркотница имало синоќа пред полноќ кај Градско, кога полицијата се обидела да запре „ауди“ во кој скопјанев превезувал мигранти. Возачот не зепрел, на знак на поилицијата, а траката меѓу полицијата и „аудито“ настрадало полициско возило.
– Синоќа околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија – изјави портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Извршен е увид од екипа од Полициската станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.